Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
MeteoCentarCentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Снег ќе натрупа низ Македонија: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Денес и во текот на ноќта ќе има врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Утре попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Прогноза за 28.01.2023
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 29.01.2023
Минимална температура: -7°C до -1°C
Максимална температура: 1°C до 6°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.01.2023
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 0°C до 8°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од западен правец.