11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста, ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам, откако му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека поради неговите деструктивни политики и делувањето против интересите на граѓаните и државата Мицкоски стана заложник на Левица и на Апасиев и затоа тој често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, за да не заостане зад Аласиев.

Се што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, се вели во соопштението.

Спонзорирано: