Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Османи: Вистината на ЕУ треба да и ја кажеме – овде нема државна политика на дискриминација кон Бугарите

„Во Северна Македонија нема државна политика на дискриминација и оваа вистина треба да биде поддржана од сите, медиуми, јавност…“. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање за писмата кои Република Бугарија ги испраќа до ЕУ и меѓународните организации, повика на единство во однос на аргументите дека во нашата држава нема државна политика за дискриминација на Бугарите.

„Наша задача е Бугарија да не успее да ја убеди Европската Унија, по однос на своите погледи, односно ние да ги покажеме нашите аргументи по однос на тоа што се случува овде. Моето одење во Софија е токму тоа. Европската Унија го регистрираше тоа“, порача Османи.

Тој додаде дека државна политика на дискриминација нема, но мора да бидеме внимателни, бидејќи ако правиме грешки, си правиме штета на основната цел, а тоа е: Кој ќе ја убеди ЕУ за вистината, за тоа што се случува овде?!

„Би барал повеќе поддршка и од медиумите и од јавноста. Ова не е прашање коешто се решава со емотивни изблици и со реакции, туку со ладнокрвна политика во којашто јасно имате дефинирано цел и тоа го правите независно што ви кажуваат луѓето, како ве обесхрабруваат и критикуваат“, подвлече Османи.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК