Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Казнети 90 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон, три мерки за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.