20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николоски од Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците

„Мислам дека ова е многу важна дебата што ја имаме вечерва. Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа за периодот што следи. И затоа јас мислам како што е јасно напишано и тука дека солидарноста и издржливоста на европските демократии, почитувањето на човековите права, почитување на владеењето на правото се најдобри гаранции за меѓусебниот просперитет, безбедноста и сигурна иднина“ рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор во Советот на Европа.

„Треба да го реафирмираме единството околу заедничките вредности на оваа организација каде што сме членки, како и мултилатерализмот заснован на меѓународното право. Треба да поставиме напредна агенда на Советот на Европа ставајќи го интересот на народот на прво место. Европскиот суд за човекови права е еден од клучните елементи на Советот на Европа. Тоа е место каде што стотици илјади европски граѓани бараат правда. Мора да разговараме и мора да поставиме цврста агенда која ќе создаде ефикасен механизам што ќе ги натера земјите-членки да ги спроведат одлуките и пресудите на Европскиот суд за човекови права“ рече Николоски.

Тој сподели пример поврзан со Македонците и македонското национално малцинство во Бугарија.

„Во овој момент има шеснаесет пресуди или одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не се спроведуваат во Бугарија. Шеснаесет не се спроведуваат, не една, не две туку шеснаесет пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права не се спроведуваат! Овие пресуди, овие одлуки се поврзани со правото на самоидентификација, со правото на собирање и здружување, со правото на учество на избори, со правото на учење на мајчин јазик и со правото на заштита на националниот интерес во културата. Овие одлуки се носат овде во Стразбур, Софија одбива да ги спроведе и со тоа ги лишува основните човекови права на граѓаните на Бугарија кои се декларираат како Македонци“ рече Николоски.