Centar.mk
КУЛТУРА

Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет

Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 јануари 2023 (петок), со почеток во 20.00 ч.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Благој Нацоски и Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ќе ве интересира

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК