Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ, дожд, снег и температури до -6 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег. Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.

Прогноза за 26.01.2023
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 5°C

Облачно, претпладне со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен ветер.

Прогноза за 27.01.2023
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 6°C

Претежно облачно со локални слаби врнежи претежно од снег, долж Повардарието од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 28.01.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 7°C

Променливо облачно, долж Повардарието посончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК