23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
mickoski
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никој не доби мандат за да менува Устав

Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Политика.рс“.

Тој рече дека според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на Владата и нејзините политики.

„Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот – ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период“, вели Мицкоски.

Прашан за војната во Украина и македонското претседавање со ОБСЕ, Мицкоски рече дека Македонија ја одредила стратешката насока, а ОБСЕ е колективна организација и како таква не остава простор за солирање ниту една земја.

„Приоритет во наредниот период е сите заедно да работиме за мир во Европа и светот. Мирот нема цена. Очекувам дека Македонија и сите земји членки на ОБСЕ ќе работат да запре војната во Украина. Недозволиво и незамисливо е да се води војна во 21 век, да се крши суверенитетот на една земја и да се оспорува нејзиниот интегритет. Тоа е почетната точка. Ние веруваме во овие принципи и сметаме дека енергијата треба да се насочи кон градење канали за комуникација и соработка за да се постигне мир, без да се газат овие постулати. Подобро е да се преговара со години отколку да се води војна макар и еден ден. Решенијата се секогаш во разговори, а не во судири“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога станува збор за соработката меѓу Македонија и Србија, Мицкоски оцени дека двете земји традиционално имаат добри економски односи, но има и простор за подобрување, особено во областа на инфраструктурата, енергетиката и економијата воопшто. Посебен фокус, рече тој, треба да се стави на изградбата на подобра железничка и патна врска меѓу овие две земји и гасоводна врска, што ќе гарантира енергетско поврзување.

Спонзорирано: