Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

164 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 43 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.