20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред, посилна кинеската побарувачка

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 87,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,8 отсто, на 81,30 долари.

На светските берзи цените на нафтата повторно пораснаа минатата недела, втора недела по ред, бидејќи трговците очекуваат раст на кинеската побарувачка, додека загриженоста за рецесија во западните економии замина на втор план.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 87,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,8 отсто, на 81,30 долари.

Зголемувањето на цените втора недела по ред најмногу се должи на очекувањата дека по укинувањето на строгите мерки за коронавирусот, ќе се забрза растот на кинеската економија, што ќе ја поттикне и побарувачката на нафта, со оглед на тоа што Кина е светски најголемиот увозник на „црното злато“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека, благодарение на Кина, глобалната побарувачка на нафта оваа година ќе достигне рекордни 101,7 милиони барели дневно, а Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) очекува кинеско закрепнување.

Цените на нафтата се поддржани од надежта дека американската централна банка нема да ги зголеми каматните стапки на толку високи нивоа како што очекуваат челниците на ФЕД.

Имено, повеќето челници на ФЕД деновиве велат дека ќе треба да се зголемат клучните каматни стапки над нивото од пет проценти за да се потисне инфлацијата.

Но, трговците на пазарот на пари проценуваат дека конечната каматна стапка, со која ФЕД би го запрела циклусот на покачување, би можела да биде 4,89 отсто.

Покрај тоа, трговците се надеваат дека американската економија ќе избегне рецесија.

Поддршка на цените обезбедува и падот на вредноста на доларот во однос на кошницата со валути. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, падна за 1,4 отсто од почетокот на годината, на најниско ниво од јуни минатата година.

А тоа ја поддржува побарувачката бидејќи слабеењето на доларот ја зајакнува куповната моќ на оние кои купуваат нафта во други валути.