5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Толку од лагите на Мицкоски, не само што нема распуштање, владиното мнозинство ќе расте

„Пропадна уште една во низата лаги на Христијан Мицкоски, кој тврдеше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието. Денес, не само што нема доволно пратеници за распуштање на Собранието, Мицкоски креира нови лаги за наводни притисоци врз пратеници“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Од партијата велат дека „нема никакви притисоци, а Мицкоски не само што нема 61 пратеник, туку напротив, парламентарното мнозинство во следниот период дополнително ќе расте“.

„Лага до лага, промашување до промашување, тоа е учинокот на Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев и Левица“ е ставот на СДСМ.