Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Турковиќ во посета на Скопје

Заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, денес ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Се очекува двајцата министри да разговараат за теми поврзани со билатералните односи, европските интеграции на двете земји, претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелности од регионот и меѓународните односи.

Во рамки на посетата, Турковиќ ќе биде примена и од претседателот на државата, Стево Пендаровски и од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК

ОДЗЕМЕН ПРИСТАПОТ ДО СТУДЕНТСКИТЕ ДОСИЕЈА – Универзитетот во Штип презеде мерки по истрагата за електронскиот индекс

ДЕСК