Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Тешко повреден работник во фабрика во Гази баба

На 19.01.2023 во 09.03 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Д.С.(61) од с.Петровец, скопско, кој, според пријавеното, се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а известен бил и трудов инспектор.