10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

БЕЛ ИЛИ ЦРН ЛЕБ? Еве што се менува во телото ако целосно престанете да јадете леб

Белиот леб е незаменлива храна на менито на многу луѓе, заситен е, вкусен, но колку е здрав?

Нутриционистите со години дебатираат дали лебот е добра храна за консумирање или треба да го сведеме на минимум. Исто така, тие се обидоа да откријат што ќе се случи со нашето тело доколку целосно престанеме да консумираме леб.

Има неколку промени кои ќе настанат доколку ја исфрлиме оваа храна од секојдневната исхрана.

Кога ќе го намалите внесот на јаглени хидрати, првото нешто што ќе забележите е колку брзо, речиси магично, губите килограми.

Сепак, поентата е дека нема да ги изгубите мастите, туку килограмите предизвикани од насобирањето вода во телото, објаснува нутриционистот и тренер Мари Спано.

Исто така, таа објаснува како јаглехидратите се извор на енергија, и кога човек наеднаш ќе го намали внесот, а токму тоа се случува кога целосно ќе го исфрлиме лебот од исхраната, невообичаени појави како лош здив, сува уста, замор, слабост, може да се појави вртоглавица, несоница и гадење. Се разбира, овие појави се само привремени, но има и долгорочни.

Тоа е првенствено за намалување на ризикот од срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2, но една студија исто така покажа дека ќе бидете помалку склони кон опасни состојби како што се срцев удар или мозочен удар.

За разлика од другите видови леб, белиот леб не содржи влакна кои ни се потребни за нормално функционирање на цревата, па штом ќе го отстраните од исхраната, за многу кратко време ќе забележите подобрување во варењето и побрз метаболизам.

Спонзорирано: