27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза: Какво ќе биде времето денес и за време на празничниот викенд?

Денеска ќе има врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи.

Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места.

Прогноза за 20.01.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот во западните делови освен на планините ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 21.01.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Променливо облачно и студено со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 22.01.2023
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 1°C до 9°C

Променливо облачно и студено со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.