Centar.mk
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Напиток од три состојки што ги топи мастите: Доволна е една шолја

Откако ќе претерате со храната, најлесниот начин да започнете со чистење на телото е со напиток направен од само три состојки.

Напитокот од ѓумбир и лимон, брз и лесен за подготовка, е одличен избор за чистење на организмот од токсини. Освен што ќе го стимулира метаболизмот, чудотворниот напиток ќе ја подобри и исхраната.

Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Освен тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето.

Лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото.

Состојки:
3 dl вода на собна температура; исцеден сок од половина лимон; 1 см корен од ѓумбир

Подготовка:
Во чаша млака вода додадете исцеден лимон и ситно изрендан ѓумбир. Оставете го напитокот да отстои малку и потоа испијте го.

Чудотворниот напиток може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрава утринска голтка која ќе ви помогне да го исчистите организмот од токсините. По желба можете да го засладите со минимум мед.

Можеби ќе ве интересира

Превентивни прегледи по возраст: Што да се прави до 35 години и што да се прави по 40. година

C +

Сашко Дрвошански: Додатоци во исхрана за подобра енергија и витаност, телото ќе ви биде благодарно!

C +

Наместо енергија, пад на шеќерот: храна што треба да ја прескокнете за појадок

C +