Centar.mk
maricic
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Скрининг процесот поврзан со изборите се грижи за фер, демократски и слободни избори

Скринигот поврзан со изборите се грижи за фер, демократски и слободни избори, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, дали со Скрининг процесот се опфатени измените во Изборниот Законик и до каде е реформата во изборните процеси?

„Тоа е поврзано со препораките со препораките и стандардите на ОБСЕ/ОДИХР. Скринингот со изборите се одвиваше во делот на функционирање на демократски институции, каде што се и Собранието и другите важни елементи на демократијата и таму имаше само еден дел, односно процес поврзан со изборите којшто е поврзан со целосна имплементација на извештаите на ОБСЕ/ОДИХР од претходните парламентарни и претходните локални избори“, изјави Маричиќ.

Тој додаде дека дел од препораките се спроведени при измените на Изборниот законик пред локалните избори, каде што беше оној систем за отпечатоци од прсти.

„Но, останаа дел од препораките од ОБСЕ за парламентарните и локалните избори кои треба да се имплементираат до наредните редовни парламентарни избори 2024. Така што ние имаме обврска на тоа да работиме. Во однос на изборниот модел и таа изборна регулатива, нема препораки од ЕУ. Тоа сепак останува на преференцата и политичката одлука на секоја држава“, потенцира Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Кој го следи и тајно го слика лидерот на опозицијата Венко Филипче и неговото семејство – втор пат за кратко време објавени фотографии од приватни настани на македонски интернет портал

ДЕСК

Ограбено казино во големи гужви среде Струга – арамијата отишол со пари од дневниот промет

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 17 годишно девојче

ДЕСК