Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Големо апсење: Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од десет и пол години

На 18.01.2023 во 10.45 часот Оперативен тим – потраги на ул.„Черења“ во Штип го лиши од слобода С.Д.(31) од Струмица, осуден на казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци, поради сторени кривични дела по член 235 и чл.236 од Кривичниот законик.

За него била распишана Централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Штип, со која се бара за доиздржување 5 години 8 месеци и 5 дена. Лицето ќе биде спроведено во Затвор Штип за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, студенти ќе можат да се сместуваат од октомври

ДЕСК

Јанкуловски: Јавниот долг се управува одговорно, економијата расте со стабилни 3,5%, а обврските наследени од минатото редовно се сервисираат

ДЕСК