Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски: Јас и Владата имаме јасна цел, во ЕУ до 2030 година

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата што ја предводи тој имала цел да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година, а за него целта не била невозможна.

„Јас и Владата имаме јасна цел, во ЕУ до 2030 година. Многумина велат дека тоа е многу амбициозна цел, но јас ќе речам дека не е невозможна. На граѓаните им е важно да има квалитетни места, спроведување на законите, ефикасна администрација, европски плати и европско образование. Квалитетен живот, сигурност и стабилност, тоа не е претерано. Затоа е потребно да се забрза трансформацијата на општеството при преговорите со ЕУ“, рече Ковачевски.

Текот на скрининг-процесот се одвива со предвидено темпо и оваа динамика мора да се задржи во текот на преговорите, порача тој.

„Јас сум свесен и за одговорностите и предизвиците, но некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Северна Македонија. Вие пратениците мора да покажете единство поради нашите граѓани. Процесот е сложен и бара силна волја не поради ЕУ туку поради нашите граѓани. Имаме силна поддршка од државите членки. Имаме пријатели и сојузници во ЕУ и сега сè е во наши раце“, додаде премиерот.