Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

СДСМ: Успешни енергетски политики, среде зима извезуваме струја

„Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во држават, соопштуваат од владејачката СДСМ.

„Првпат во 70 години сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК ‘Битола’, РЕК ‘Осломеј’, ТЕЦ ‘Неготино’, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија. Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство“, стои во партиското соопштение.

Од таму посочуваат дека „намалена е и цената на струјата за 20 проценти за речиси 70.000 мали компании што се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“.

„ВМРО-ДПМНЕ молчи. Демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните. Во една од најпредизвикувачките зими нема рестрикции, туку вишоци струја. Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичките сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.