Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Единаесетта меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“

На 18 и 19 јануари 2023 по 11-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“- „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

Оваа година конференцијата ќе се одржи со физичко присустви и on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“. На конференцијата ќе бидат За конференцијата се пријавени 47 трудови/презентации од 12 земји, информира Д-р Рубин Земон, претседател на Програмскиот Комитет на конференцијата.

Отворањето на конференцијата ќе биде на 18 јануари 2023, со почеток во 11 часот, во Македонска академија на науките и уметностите, Куќа на Уранија во Охрид.

Свое обраќање на конференцијата покрај д-р Рубин Земон, ќе имаат и Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска – Стојчевска, министер за култура на Република Северна Македонија, Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, Фариз Калили, член на програмскиот комитет, претседател на организацијата МИРАС, Баку Азербејџан, Ахмет Ајтач, член на програмскиот комитет на Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес, Турција, Виторовиќ Зоран д-р, уредник- главен готвач на Global Processes Journal, Мајами, САД.

извор: Civilmedia.mk