20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Лајка со демант до порталот Centar.mk

ДЕМАНТ ДО ПОРТАЛОТ CENTAR.MK:

Почитувани,

Во однос на објавата со наслов „Вардариште 2023„-потресни фотографии од чувањето на кучиња во прифатилиштето на ЈП Лајка на вашиот портал, би сакале да ја изнесеме нашата страна поврзана со фотографијата од кучето Трапер од прифатилиштето на ЈП Лајка, објавена овие денови на порталот centar.mk, преземена од приватен профил на лице кое тенденциозно веќе подолг период објавува постови против ЈП Лајка, со цел нарушување на угледот на претпријатието.

Фотографијата е направена минатата година во месец септември, од страна на здружение за заштита на животни, при посета на прифатилиштето на ЈП Лајка. Кучето кое е објавено на фотографијата е куче кое е позитивно на лишманија и се наоѓа во Одделението за вдомување, за чијашто болест добива соодветна стручна грижа од ветеринарниот тим на ЈП Лајка и прима терапија. Фотографија е направена во период од денот, кога просторот во одделението Вдомување се чисти и одржува од страна на негователите, а боксот на кучето Трапер со број 41, кој се наоѓа меѓу последните, се уште не бил стигнат на ред да биде исчистен.

Сепак во претпријатието има околу 160 кучиња во секој момент со неодреден тајминг на дефицитирање кој неможе да се предвиди и вработени со дневен распоред на обврски кои секако, во најкус можен рок си за завршуваат работната задача во поглед на хигиената.

Во боксот во кој престојувало кучето е поставено соодветно легло и топла подлога за спиење кои не се прикажани на фотографијата, како што е и случај со секое куче во „Лајка”, но во моментот на фотографирање истото лежело на земја.

Свесни сме дека фотографии од ваков тип иницијално направени за да предизвикаат емотивна реакција од страна на јавноста со цел да му се помогне на кучето истовремено даваат погрешна слика за третманот на самите кучиња од страна на ЈП Лајка, особено кога се пропратени со тенденциозен текст.

Но сакаме да ја увериме јавноста дека ЈП Лајка континуирано го вложува својот максимум за да пружи соодветна грижа, нега и внимание на секоја единка со расположливите капацитети и ресурси.

Во прилог фотографија од кучето кое се наоѓа во добра здраствена состојба.

ЈП Лајка

Спонзорирано: