Centar.mk
вестИЗБОРТЕХНОЛОГИЈА

Бил Гејтс откри кој мобилен телефон го користи

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во САД, на јавноста и откри кој мобилен телефон го користи.

Според листата на милијардери на „Блумберг“, Гејтс моментално „тежи“ околу 111 милијарди долари, што го става на петтото место на оваа престижна листа.

Очигледно, тој може да си дозволи што сака. За време на разговор со корисниците на „Reddit“ минатата година, луѓето се интересираа каков модел на паметен телефон користи еден од најбогатите луѓе во светот.

Одговорот на тоа прашање изгледал логичен, но тој изненадил од изборот на мобилен телефон што го користи.

Наместо неговите телефони, Гејтс се покажа дека е љубител на уредите на Samsung. За време на споменатиот минатогодишен разговор со корисниците на Reddit, тој рече дека го користи Galaxy Z Fold 3, а минатата недела повторно одговараше на прашања од корисниците на оваа платформа кои му го поставија истото прашање.

Очигледно, тој остана верен на Samsung.

По Galaxy Z Fold 3, сега го користи Galaxy Z Fold 4.

Според Гејтс, тој модел на телефон му го подарил претседателот на Самсунг, Џеј И Ли. Тоа беше за време на посетата на Јужна Кореја.

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ФОКУС НА СВЕТСКАТА ДИПЛОМАТИЈА – Франција и Британија разговараа за безбедноста и здравството

ДЕСК

INSTAGRAM СО НОВИ ГЛОБАЛНИ ПРОВЕРКИ НА ВОЗРАСТА – AI ќе препознава и тинејџери што навеле дека се полнолетни

ДЕСК

МОЖЕ ЛИ AI ПРАВИЛНО ДА ГИ ЧИТА ЛАБОРАТОРИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ? – Претставен тест со 100 научни задачи

ДЕСК