13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Задоволство е заедно со највозрасните и најискусните да ја започнеме годината

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети пензионерите во Здружението на пензионери во Кавадарци. Во знак на празникот Василица меѓу присутните традиционално беше поделено лепче со паричка и беше одржана лотарија на која беа доделени 30 награди.
Тренчевска ги поздрави присутните и посака успешна и среќна година. Таа посочи на заложбите за пензионерите изминатата година и рече дека очекува оваа да биде уште поуспешна од минатата. Министерката ја искористи приликата и да се заблагодари на сите пензионери за нивната посветеност и рече дека без нивните заложби неа да бидат толку успешни политиките кои се креираат за највозрасните.

Настанот беше поддржан и од страна на пратеничката, Даниела Колева. Присутни беа и претседателката на сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова и директорката на центарот за социјална работа на Кавадарци, Весна Дамјаноска тие ги поздравија ваквите настани со кои се одбележуваат празниците.

Спонзорирано: