Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Страотна сообраќајка во Кавадарци: Повредени неколку лица

На 12.01.2023 во 21.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „опел вектра“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од село Марена, излетало од патот.

Во несреќата, со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците А.А.(27) и А.Ш.(36) од село Марена, додека сопатникот С.А.(46) од истото село се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК