11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ земјава утрово?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

Спонзорирано: