Centar.mk
БИЗНИСвест

Шефот на ММФ: Има се повеќе докази дека САД ќе избегнат рецесија

Кристалина Геогријева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), рече дека има се повеќе докази дека САД ќе избегнат рецесија оваа година.

Георгиева рече дека американскиот пазар на труд останува отпорен и побарувачката на потрошувачите е силна, и покрај зголемувањето на каматните стапки за да се спречи инфлацијата.

Таа додаде дека има здрава промена од прекумерниот откуп на стоки што поттикна раст на цените.

Таа истакна дека најавите за рецесија вообичаено се предмет на интензивна дискусија и посочи дека се приклонува кон сценарио за „меко слетување“ за САД.

Да потсетиме, ММФ во октомври прогнозираше раст на американскиот БДП во 2023 година за еден процент, а својата проекција ќе ја ажурира овој месец.

Можеби ќе ве интересира

Среќна вест: Халк банка веќе ги исплати пензиите за мај

ДЕСК

ЕУ КАКО НАЈВАЖЕН ПАРТНЕР: Македонскиот извоз најмногу се потпира на европските пазари

ДЕСК

ПРОМЕТОТ ВО МАЛОПРОДАЖБАТА РАСТЕ: Храната, пијалаците и тутунот со реален раст од 11,3 проценти

ДЕСК