Висока руска црковна делегација предводена од митрополитот Атнониј е во посета на земјава. Оваа посета предизвика многу прашања зошто сега и далеку од вниманието на јавноста.
За оваа посета реагираше новинарот и аналитичар Насер Пајазити, кој напиша дека оваа посета се обидува да се случи далеку од очите на јавноста. Тој понатаму напиша дека руската црква е силен поддржувач на рускиот диктатор Владимир Путин и неговите злосторства што ги прави со агресијата врз Украина. Пајазити покренува сомнеж дека мисионерската посета започна токму кога во Скопје дојде високиот американски функционер Дерек Шоле.
Пајазити нагласува дека „руската мисионерска делегација, во период на регионални и геостратешки турбуленции, ќе престојува три дена во Република Северна Македонија и ќе посети неколку цркви и манастири“. Тој понатаму пишува дека митрополитот Антониј е придружуван од неговиот заменик Николај Балашов, кој долги години е задолжен за руската црковна дипломатија, а придружувани се и од рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Бездникин.
„Руската црковна делегација беше примена од членовите на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кои велат дека нема ништо тајно, но не соопштуваат детали. Средбата меѓу нив траеше повеќе од час и половина“.
На крајот, аналитичарот Пајазити го поставува прашањето „Дали ни треба посеопфатен одговор, бидејќи се знае дека овие мисионерски посети не се наменети за добро и претставуваат опасност за државата!
Со колумна реагираше и новинарот и колумнист Зоран Бојаровски, кој го поставува прашањето зошто Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) го прими митрополитот Антониј, најблизок соработник задолжен за меѓународните односи на патријархот Кирил, кој ја благослови војната во Украина и им вети на војниците што ќе загинат на бојните полиња дека ќе им бидат простени гревовите како да војуваат во некоја света војна, и кој ги велича политиките на Путин затоа што господ го поставил на власт, оној истиот Путин којшто поради војната во Украина, Русија ја вклучи Македонија во списокот на непријателски држави?
Според Бојаровски, невозможно е врвот на МПЦ-ОА да не го знае ова со што станува тотално апсурдна нивната постапка да го примат високиот претставник на РПЦ со што птредизвикаа „ризик за националната безбедност и е спротивна на државните и национални интереси на сите граѓани вклучително и на црковните интереси на МПЦ-ОА“ како што оценија релевантни познавачи на безбедносните прашања и на црковните политики.
Н.Абдурахмани/ извор Civilmedia.mk