3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богоев: Поголема е веројатноста 80 пратеници да гласаат за уставни измени, отколку 61 за предвремени избори

„Неспоредливо е поголема веројаноста да има 80 пратеници за уставните измени, отколку 61 пратеник за распуштање на Собранието. Тоа е логично“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Утрински печат“.

Тој додаде дека е пологично пратеници да се одважат и ги поддржат уставните измени и со тоа го забрзаат евроинтегративниот пат на државата, отколку да гласаат против својата партија и коалиција за распуштање на Собранието.

„Она што го гледаме и слушаме од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е истата реторика, дека само што не направиле мнозинство, само што нема избори и само што Мицкоски не станал премиер. Тоа е реториката која тој и раководството ја користат внатре во апртијата за да ги дисциплинираат градоначалниците кои добиваат поголема популарност од него“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица работат спроед матрица на која им е во интерес земјава да биде меѓународно изолирана, за тие да царуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица се исста матрица, најверојатно и со исти нарачатели и финансиери. Тие сакаат тука да не царуваат меѓународни закони, правила и вредности туку нивните – кога ќе станете сабајле да имате чувство на лажна гордост и патриотизам, а стомакот да ви е празен. Да мислите дека сите треба да трчаат кај вас, дека вие сте поголеми од нив. Груевски беше мајстор за тоа, а Мицкоски и Апасиев сакаат да се врати тоа време“ рече Богоев.

Спонзорирано: