Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бизарна измама со кредити за брзи пари во Кавадарци: Му рекол ќе ти стигнат пари на сметка од пријател, а овој му ги дал – кешот бил од кредит на негово име

На 11.01.2023 во 14.30 часот во Полициската станица во Кавадарци, 43-годишен жител од Кавадарци пријавил дека бил измамен од М.К.(42) од Кавадарци за сума од 72.000 денари. Според пријавеното, М.К. му побарал податоци од неговата лична карта и трансакциска сметка, со цел некој негов пријател да му пушти пари, затоа што наводно имал блокирана сметка.

Како што е пријавено, откако парите биле уплатени на сметката, оштетениот ги извадил и му ги дал на М.К., по што на 09.11.2023 бил известен дека има за плаќање рата за брз кредит на негово име, по што сфатил дека е измамен.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +