23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

(Видео) Јанчева: Советниците од „Зелен хуман град“, ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ да дадат поддршка за вонредна седница

Поради сериозноста на состојбата со загадениот воздух, советничката група на СДСМ поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје. На иницијативата поддршка со свои потписи дадоа и советниците од политичките партии ДОМ и ЛДП. Покрај иницијативата, ние како советничка група предлагаме и седум мерки, кои имаат цел намалување на загадувањето во главниот град, изјави на денешната прес-конференција Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа истакна дека и претседателот на Советот, Трајко Славески, од ВМРО-ДПМНЕ прифаќа дел од мерките и смета дека тие може да помогнат во намалување на загадувањето. Во согласност со Деловникот за работа на Советот, ако на иницијатива за вонредна седница се потпишат една третина, односно 15 советници, седницата мора да се одржи.

Јанчева ги повикува советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, како и советниците од „Зелен хуман град“, да ѝ дадат поддршка и да се потпишат на иницијативата за седницата се одржи што побргу.

Секој советник да преземе одговорност и на вонредна седница на Советот да дискутираме и да донесеме мерки и решенија, кои ќе обезбедат почист воздух.

Јанчева наведе дека состојбата со загадувањето е алармантна, а последиците врз јавното здравје се сериозни, потребни се итни решенија.

Да ја оставиме дневната политика настрана и да донесеме одлуки што ќе бидат во интерес на сите граѓани, кои ќе значат почист воздух и здрава животна средина во Скопје.

Уште еднаш повикуваме советниците од Зелен хуман град, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ да ѝ дадат поддршка на иницијативата за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје, изјави Јанчева.

Спонзорирано: