Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Вонредно метео предупредување: Снег вечерва ќе натрупа на многу места низ Македонија, синоптичарите ја објавија најновата прогноза за следните четири дена

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места и ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието попладне засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките места и на планините од слаб снег.

Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Стабилно и суво со утринска магла по одделни котлини ќе се задржи во петок.

Прогноза за 12.01.2023
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.01.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Утрото студено со слаба магла по одделни котлини. Преку денот сончево и суво со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 14.01.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +