Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје – има повредени

На 09.01.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(39) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од М.Ј.(19) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.В., сопатничка од возилото „ауди“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ДОАЃА И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

ДЕСК

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

ДЕСК