Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Екс-градоначалникот Владимир Талески спроведен во прилепскиот затвор

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, од вчера попладне е спроведен на одлежување на ефективна казна затвор во прилепскиот затвор за криминалот со школскиот превоз. А секретарот на Општина Битола во неговиот мандат, Слободан Бончановски, од вчера е спроведен во битолскиот затвор, објави Независен.мк.

Веста за влегувањето на Талески и Бончаноски во затвор за „Независен“ ја потврдуваат и од Битолскиот и од Прилепскиот затвор.

„Од вчера приквечерина осудениот Талески е спроведен во нашиот затвор на издржување на ефективна казна затвор, со оглед на тоа што Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд иако ја намали за една година. Осуден е на 7 години затвор, но се одзема времето поминато во домашен притвор од околу 3 години“, изјави за „Независен“, Александар Дамески, директор на прилепскиот затвор, пишува медиумот.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +