Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

„Различностите, благодат или проклетство“ – конференција на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество

Конференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“ за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество ќе се одржи во хотел Сити Парк, на 12 јануари (четврток), со почеток во 12 часот.

Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.

Конференцијата ќе се одвива во формат на 10-минутни разговори на кои ќе се постави главното прашање, со опција за потпрашања од водителот. По разговорот, ќе се отвори можноста за 1-2 прашања или коментари од публиката (до 1 минута).

Конференцијата ќе биде пренесувана во живо на онлајн каналите на Цивил, Фејсбук и Јутуб, а од неа ќе произлезат повеќе видео и текстуални прилози кои ќе бидат објавени на медиумската платформа на Цивил. Сите содржини ќе бидат достапни за преземање според лиценцата Creative Commons 4.0.

Конференцијата е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ што го спроведува Цивил со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

За прашања и коментари: civil.macedonia@gmail.com или 075 / 389 699.

извор Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +