14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Честитка до Ковачевски од украинскиот премиер Шмихаил за почетокот на претседавањето со ОБСЕ

Украинскиот премиер Денис Шмихал му честиташе на премиерот Димитар Ковачевски за почетокот на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија и рече дека се надева на дополнителна поддршка за Украина, пренесува Укринформ.

„Северна Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Честитки до премиерот Димитар Ковачевски! Сметаме на континуирана соработка со ОБСЕ, понатамошна координација и поддршка за Украина“, напиша Шмихал на Твитер.

Од Укринформ потсетуваат дека Северна Македонија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) од 1 јануари 2023 година. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи стана нов претседавач со ОБСЕ. Во септември 2022 година, наведувајќи ги приоритетите на претседавањето со ОБСЕ на неговата земја, Бујар Османи посвети посебно внимание на војната на Русија против Украина, нагласуваат од Укринформ.