6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Претреси и апсења низ Скопје – најдени пари, дрога, нож, мобилни телефони…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, соопшти полицијата.

Во периодот од 10.11.2022 до 25.12.2022, М.Ш. на повеќе лица корисници им продавал амфетамин и марихуана, Е.Т. продавал кокаин, марихуана, амфетамин и хашиш, додека Г.Н. посредувал во продажба на амфетамин, кој го купил од М.Ш.. Р.И., која живела заедно со М.Ш., прикривала предмети кои потекнуваат од кривично дело. На 25.12.2022, полициски службеници извршиле претрес и преглед во возилото на М.Ш., при што пронашле и одзеле пари, нож и бела грутчеста материја. Исто така, на 25.12.2022 извршен бил преглед на Е.Т. и А.З. и во возилото во кое се превезувале, при што кај Е.Т. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и други предмети, додека кај А.З. биле пронајдени и одземени нож и мобилен телефон, велат од МВР.

Спонзорирано: