Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ХАОС ВО КАРПОШ: Апсење во ноќен клуб, па откако го уапсиле ги нападнал полицајците во полициската станица и се обидел да побегне

На 19.04.2026 во 02:50 часот во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода маж (28) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По пристигнување во кругот на Полициската станица Карпош, приведениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен во полициската станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК