Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Годинава, и покрај сите неизвесности кои ги донесе светската криза, тоа што го ветивме, го исполнивме

Фејсбук статус на Димитар Ковачевски:

Годинава, и покрај сите неизвесности кои ги донесе светската криза, тоа што го ветивме, го исполнивме. Двојно ја зголемивме минималната плата, а просечната плата веќе е далеку над 500 евра. Успеавме да ги покачиме платите во образованието, здравството, безбедносните сектори. Не ги заборавивме и пензионерите, пензиите се рекордно зголемени и континуирано ќе растат.

Успешно се справуваме со кризата и со над 760 милиони евра антикризни мерки, успешно ги поддржавме и компаниите и граѓаните за полесно да го пребродат овој бурен период.

Отворивме нови градинки, обезбедивме нови странски инвестиции, 2000 нови подобро плтени работни места, пуштивме во употреба нови патишта, а гасификацијата е веќе реалност. Ја започнавме и енергетската трансформација на државата. Северна Македонија набрзо ќе е енергетски центар за зелена енергија.

Во новата година, продолжуваме уште подобро и поодлучно. Нема да има недостижна цел во 2023 година!

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК