23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Научниците откриле во која доба од животот луѓето се најсреќни

Една студија спроведена на повеќе од 20.000 Германци откри во кои години од животот луѓето се најсреќни.

Студијата, ја спровел лондонскиот центар за економски перформанси (Centre for Economic Performance), а барала од учесниците во истражувањето да појаснат колку се задоволни од својот живот во тој момент и колку мислат дека ќе бидат задоволни по пет години.

Потоа, по пет години, истите тие луѓе повторно требало да го опишат својот степен на задоволство од животот.

„Студијата покажа дека среќата се движи во крива линија во форма на буквата U, односно дека луѓето се најсреќни во 23-тата и 69-тата година од животот“, откриваат истражувачите.

„Се чини дека особено се интересни раните дваесетти години, кога само што започнува кариерата и возрасниот живот, задоволство кое понатаму може да го достигне само периодот кога по години напорна работа добивате време за одмор и можност да им се посветите на вашите интереси“, објаснуваат авторите на студијата.