8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Делчевец паднал од тракторска приколка и тешко се повредил

На 01.01.2023 околу 11 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 кај село Очипала, Делчевско од трактор со полуприколка, управуван од И.П.(44) од с. Очипала, додека тракторот се движел по патот, сопатникот во полуприколката Љ.П.(72) од с. Очипала паднал на коловозот.

Љ.П. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево.