Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач и сопатничка повредени, со „голфот“ излетале од коловозот

На 02.01.2023 во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево кај с. Оровник, патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од с. Мешеишта, Струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од с. Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ПО 30 ГОДИНИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК – Нацртите испратени на меѓународна оценка

ДЕСК

СО МОТОЦИКЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата уапси 37-годишен маж во Гевгелија

ДЕСК

ТРИ СЕМЕЈНИ ДРАМИ ВО ЕДЕН ДЕН – Нападнати сопруга, 70-годишна баба и поранешен партнер, три лица уапсени

ДЕСК