17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бујар Османи: Преку претседателството со ОБСЕ стануваме значаен играч во меѓународната политика

Во видео обраќање по повод председателството со ОБСЕ, министерот з надворешни работи Бујар Османи вели дека оваа 2023 година е важна година за меѓународната позиција на Северна Македонија. Претседателството е можност нашата држава да биде клучен играч во меѓународните процеси и вклучена во главните случувања на меѓународната политичка сцеа, што според Османи на долг рок значи развој, стабилност и нови можности за младите.

„2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на земјата. Зајакнување на меѓународната позиција на земјата, значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност“ – истакнува Османи.

Во 2023, за прв пат, нашата земја ќе претседава со ОБСЕ, најголема регионална безбедносна oрганизација на светот во која членуваат 57 држави од светот од три континенти. Мотото на македонското претседателство е „За луѓето се работи“, а предизвикот кој ќе го има Османи е голем. Во услови на војна во регионот на ОБСЕ и сложени политички односи помеѓу земјите членки, Османи вели дека ќе се фоксира на смирување на тензиите, обновување на довербата просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето.

„Во наш фокус, како земја претседавач, ќе бидат теренските мисии. Ќе преземеме и поддржиме конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредување на нивните права и слободи„ – вели во видеото Османи.

Тој тврди дека Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет и преку политички дијалог и демокрастки средства ги остварувала своите цели и на домашен, и на меѓународен план. Сега, вели Османи, имаме можност со таа наша зрелост и знаење да бидеме клучен играч, да ги водиме и да придонесуваме за меѓународните политики и процеси.