Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Радмила Шеќеринска – политичарка со најуспешен меѓународен ангажман

Centar.mk продолжува со давање пеизнание на личности и настани кои ја одбележаа 2022 година.

Радмила Шеќеринска според Centar.mk е политичарка со најуспешен меѓународен ангажман за 2022, со оглед на тоа дека поранешната министерка за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шеќеринска беше избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Ловен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, своевремено напиша Шеќеринска на својот Фејсбук профил.

 

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК