Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Продолжуваме со креирање на предновогодишни среќни спомени за најмладите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска подарија детски играчки во ЈДГ „8ми март“ во објектот „Пржино“. Заедно со претставниците од Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот и градинката беше проследена новогодишната претстава „Црвенкапа и Дедо Мраз“.

Претставата ја отвори директорката на установата која ги поздрави присутните и се заблагодари за донацијата која ќе ги збогати детските игри и колекцијата на играчки во градинката.

За време на посетата Министерката Тренчевска за библиотеката на градинката подари инклузивни сликовници со брајово писмо и потсети за важноста на инклузивното предучилишно воспитание и можноста за еднаков пристап на сите деца.

На крајот од претставата Тренчевска заедно со Младеновска и Дедо Мраз ги поделија играчките на присутните деца.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +