Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДИК ГИ ПОТВРДИ РЕЗУЛТАТИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Радичевски и Јахији одат во втор круг на 1 ноември

Државната изборна комисија едногласно го усвои заклучокот за конечност на резултатите од првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница. До истекот на законските рокови не бил поднесен ниту еден приговор за гласањето или за сумирањето на изборните резултати.

На 1 ноември граѓаните повторно ќе гласаат за градоначалник. Во вториот круг влегуваат Стојанчо Радичевски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција.

Одлуката на ДИК го потврдува изборниот распоред и го отвора завршниот дел од кампањата за избор на нов градоначалник.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК