Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во селото Неготино, едно лице повредено

На 27.12.2022 во 12.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од автопатот со регионалниот пат Неготинска клучка – с.Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Х.(61) од гостиварски Добридол и патничко возило ,,опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(27) од гостиварско Горјане.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Х., констатирани во Општа болница „Ферид Мурат“ во Гостивар. Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +