Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Ќе се формира комисија, која ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за петто одделение

Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и во согласност со дописот од Здружението на историчарите, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија, која ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование и наука, а потоа конкретни насоки за постапување ќе бидат испратени до економскиот оператор задолжен за графичко уредување, превод, печатење и дистрибуција на учебникот.

МОН апелира до надлежните стручни тела и органи, кои се дел од процесите на одобрување учебници, да продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците што се користат во основното и средното образование. Секако, во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните, кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса books@mon.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +