Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Михаилоски: Во 2023 година започнува целосна реконструкција на студентските домови Стив Наумов и Кузман

После 15 години ВМРО-ДПМНЕ се свести и започна да мисли за младите, рече претседателот на СДММ Марко Михаилоски во гостувањето на ТВ24. Тој кажа дека законот за субвенциониран студентски оброк е поднесен од актуелната власт, а не од претходната пред 15 години.

-Субвенционираниот студентски оброк е донесен изминативе години, а не пред 15 години. Оваа влада беше спремна за тоа и седна на маса со студентите и ги прифати предлозите на студентите, со цел во април да се најде системско решение и за да се дојде до првичната намена, а тоа е здрав студентски оброк, а не просто финансиска поддршка, кажа Михаилоски.

Тој исто така додаде дека сега се врши санација во студентскиот дом „Стив Наумов“, за реконструкција што ја спровела минатата власт.

-Во „Стив Наумов“ се врши поправка на она што беше реновирано пред 15 години. Годинава започна постапката за целосно реновирање на домовите Кузман и Стив Наумов. 2023 година почнува целосната санација и на овие два дома, како што се случи со „Гоце Делчев“, рече Михаилоски.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК