Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Скринингот се одвива непречено, имаме напредок во поглавјето за правда, слобода и безбедност

До сега скрининг процесот се одвива непречено и според календарот кој го дефиниравме со Европската комисија, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ‘Капитал’.

-За да биде појасно за читателите, објаснувачките скрининг состаноците овозможуваат да се запознаеме со новото европско законодавство, а билатералните да ги нотираме недостатоците и да ги дефинираме следните задачи на кои ќе треба да работиме за да ги постигнеме европските стандарди. Целта на овие скрининзи е да покажеме што сме постигнале и што и колку реално е направено. На овој начин доаѓаме до разликата која треба да поправи во текот на преговорите. Имаме добра подготвеност и основа за продолжување со силно темпо на реформирање и капацитет за исполнување на обврските кон ЕУ, но и кон граѓаните, вели Маричиќ.
Според него, конкретнп во Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“ земјата има висок степен на усогласување со законодавството на ЕУ, а она на што во следниот период ќе треба да се работи е имплементација.

-Од нас ќе се очекуваат резултати во овие клучни поглавја од Кластер 1, со кој започнуваат и завршуваат преговорите. Темпо на напредок бележиме во Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“ во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, како и управувањето со границите и миграцијата и многу добра соработката со агенциите за спроведување на законот на ЕУ. Во оваа насока ја засилевме соработката со ЕУ и преку потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, кој беше потпишан онака како што ветивме, на чист македонски јазик, без ѕвездички и фусноти. Затоа и овој процес трае повеќе години, за да има време да се надминат сите слабости. Гледаме реално на состојбите и пред Европската комисија настапуваме исто, реално со сите предизвици со кои се соочуваме и во борбата со корупцијата и во правосудството, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК